Најубавото место на светот е тука
Автор:
Франсеск Миралјес
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
El mejor lugar delo mundo es aqui mismo |
Бр. на страни:
152 |
Димензии:
140х210
|
Корица:
/
Ирис, триесетгодишна девојка скршена поради ненадејната смрт на родителите, едно стушено утро наидува на невообичаено кафуле со име Најубавото место на светот е тука. Не насетувајќи дека од тој момент ќе ѝ се променат животот и видувањето на светот, таа влегува во кафулето и во него го запознава Лука, таинствен Италијанец во кого што ќе се вљуби. Секој ден тие седат на шест различни волшебни маси.
Но седмиот ден Лука исчезнува, а заедно со него исчезнува и мистериозното кафуле. На местото каде што некогаш било Најубавото место на светот, Ирис ќе се обиде да влезе во трагата на загадочното минато на Лука. Но вистинското изненадување со кое ќе дојде пресвртот на оваа приказна, допрва следува...
Инспиративен роман за малите нешта што ни се потребни за среќа, а кои честопати не ги забележуваме. За секојдневната магија која може да ги разбуди заспаните емоции што порано не сме ги познавале. За моментите кои не смееме да ги пропуштиме, за што секој нареден може да биде поубав од претходниот, доколку му дадеме шанса.
Ова е книга што ни дава насоки како да го откриеме волшепството на сопствената душа.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.