Наследена загуба
Автор:
/
Оригинален наслов:
The inheritance of loss |
Бр. на страни:
/ |
Димензии:
/
|
Корица:
/
Уште од првата реченица на романот Наследена загуба, Киран Десаи нè води до североисточните Хималаи, во еден затурен свет обвиен во магла. Дејствието се случува во текот на 80-тите години на 20. век кога востанието на Непалците се заканува да им ги загрози животите на еден повлечен пензиониран судија-англофил, образуван на Кембриџ, кој живее во подножјето на хималајските врвови;неговата внука во тинејџерски години (која првпат ќе ја искуси љубовта со еден од непалските бунтовници) и нивниот беден, потчинет готвач, чија единствена смисла за живот е неговиот син. Востанието го предизвикува стариот начин на живеење: готвачот е сведок на падот и отфрлувањето на хиерархијата; судијата мора да му се наврати на своето минато и на својата улога во овој алчен свет; вљубената Саи и нејзиниот непалски тутор се принудени да се соочат со нивните спротивставени интереси; синот на готвачот е приморан да работи од еден во друг њујоршки ресторан во потрага по подобар живот. Секој миг ја пружа можноста за надеж или за предавство.Наследена загуба на индиската писателка Киран Десаи е добитник на престижната Букерова награда за 2006 година.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.