Ние
Автор:
Ана Стојаноска
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Ние |
Бр. на страни:
118 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
ЈАС
Нашата љубов, можеби, личеше на некои други, но никогаш не беше иста како на другите. Нашата љубов, беше...Хм, само наша. Можеби и затоа решив сега да пишувам за неа. Можеби зашто сакам да ја зацврстам низ историјата. Зашто сакам да оставам трага низ времето. За еден маж и една жена и за сето тоа што го изградивме. Со љубов. Од љубов. Во љубов.
ТИ
Ти тропа срцето посилно, како да се засилува со секое земање воздух. Ритамот не е правилен, како срцето да ти има сопствена мелодија. Мелодија што ја немало претходно...Ти тропа срцето. Не ти чука, тропа. Како удар во гонг. Отсечно и тешко. Ја виде? Ја виде. Таа е. Таа е! Која е таа? Таа што ти се крадеше во соништата, таа на која мислеше, ја замислуваше, составуваше. Постои. Да, постои.
НИЕ
Мислев дека е љубов сето тоа што не беше, сè додека не го сретнав него. Мислев дека е љубов сето тоа што ме учеле дека е, не знаев дека љубов е нешто многу повеќе, тој ме научи на тоа. Мислев дека луѓето можат само така да сакаат, а не така како што мене срцето ми бараше длабоко во ноќта. Конечно ù го запознав вистинското лице на љубовта.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.