Никогаш повеќе!
Автор:
Катажина Грохола
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
Nigdy w žyciu |
Бр. на страни:
192 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
мека
Наградуван, филмуван и преведуван роман.Модерна приказна за модерни жени. Роман напишан од жена за жените кои секаде се соочуваат со слични проблеми и перипетии, но не се откажуваат од своите соништа. Своевиден водич за тоа што треба да се очекува од потрагата по големата љубов.Овој роман, кој е меѓу најпопуларните полски романи во почетокот на овој век, ги опишува преживувањата на една напуштена жена која пронаоѓа сила во себе, за да може да обезбеди подобар живот за себе и за својата ќерка тинејџерка. Во трката да создаде нов дом за себе и за својата ќерка, таа неуморно се преиспитува себеси и женскиот род, притоа барајќи ја и чекајќи ја својата вистинска љубов. Пред да ја најде својата голема љубов таа преживува низа непријатни ситуации и проблеми. Иако ова е книга со среќен крај, сепак читателот ќе го остави да размислува за својата или за туѓата љубовна врска, за разликите на половите и за тоа што сакаат мажите и жените. Книгата е еден вид водич низ тоа што треба да се очекува од својата љубов и колку вреди да се жртвува за неа. Тоа е роман напишан од жена за жените кои секаде во светот се судираат со неверствата, напуштањето и повторното градење на своите животи. Иако повредена, главната хероина Јудита, никако не се откажува од својот сон да го сретне мажот од своите соништа. Она што Катажина Грохола го истакнува во оваа книга е дека и покрај сите перипетии во својот живот жената никогаш не треба да се откажува од своите соништа.„Никогаш повеќе!“ е филмуван и е преведен на неколку јазици, меѓу кои и на руски, германски и словачки. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои наградата „AS“ EMPiK во 2001 и 2002 година и наградата „IKAR“ во 2001.
Questions and Answers
You are not logged in