Низ иглени уши

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Eye of the needle | Бр. на страни: 391 | Димензии: 21 цм | Корица: мека

Неизвесна победа

1944 година. Во седмиците што претходат на Денот Д, сојузниците ги маскираат своите планови за инвазија со вешто изработени макети на бродови и авиони, а кои треба да послужат како мамка за непријателот. Ако им успее да слетаат на континентална Европа, сојузничките сили ќе добијат предност во војната што го пустоши светот со години и ќе ја однесат борбата против нацистичката закана.

Ладнокрвен убиец

Неговото оружје е бодежот „стилето“, а неговото кодно име: Ди Надел (Игла). Тој е таен агент на Хитлер и ладнокрвен убиец со аристократско потекло. Во Англија тој ги дознава плановите на сојузниците за Денот Д, но попатно ќе биде разоткриен неговиот идентитет.

Смртоносна потера

Оставајќи зад себе траги од лицата што ги убил, Ди Надел со помош на чамец се обидува по секоја цена да стигне до германската подморница од каде што ќе ја пренесе важната порака на фирерот, додека МИ5 го следат во чекор. Единствено патот ќе му го попречи еден мал остров во екот на една дива бура и една извонредната млада жена која живее таму...

Цена: 450 ден

18 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Низ иглени уши

Категории: ,
ИСБН: 978-608-267-462-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Низ иглени уши”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in