Низини

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Terra baixa | Num. of pages: 99 | Dimensions: 200x140 | Cover: мека

     Драмата „Низини“ (1896) е љубовно-социјална и трогателна приказна. Главниот лик е Марта, сиромашна селска девојка, млада љубовница на Себастијан, голем земјопоседник. Тој мора да се ожени со богата жена. За да стави крај на гласовите за врската со Марта, но и покрај тоа да ја задржи како љубовница, Себастијан ја мажи за несвесниот Манелич, млад овчар од планините, и ги сместува младенците во селската воденица. Марта се наоѓа во ситуација да биде растргната помеѓу стариот авторитарен љубовник и новиот мил сопруг.

      „Низини“ е најпознатото дело на Гимера и станува меѓународна сензација веднаш по својата театарска премиера, а преведена е на над 15 јазици. Освен што е многу изведувана во театрите во светот, трипати е адаптирана за опера, а е филмувана дури осумпати, од коишто еднаш и во режија на култната германска режисерка Лени Рифенштал (1954).

      Анжел Гимера и Хорхе (1845-1924) е најважниот писател на каталонската ренесанса, кога каталонскиот јазик повторно се јавува како книжевен јазик. Тој дури 23 пати бил номиниран за Нобеловата награда за литература, но не ја добил поради политички причини поради притисоците од страна на шпанската влада. Неговите драми се преведени на многу јазици и се изведувани во многу земји. Автор е на голем број светски познати драми напишани на каталонски јазик, кои се преведени на повеќе јазици и изведувани низ многу земји во светот. Најпознати од нив се „Низини“, „Марија Роса“ и „Ќерката на морето“.

      Оваа драма е прво дело на Гимера објавено на македонски јазик./

Price: 150 ден

7 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Низини

Category:
SKU: 978-608-252-048-3

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Низини”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in