Нулорог

Издавач: СлавиКа либриС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Nulorožec | Бр. на страни: 205 | Димензии: 145x205 mm | Корица: /
Извадок:

Инспекторот Либор Лавабо решава навидум лесен случај на дванаесет изгорени носорожици. Но, во потрагата постепено се вплеткува и тајниот дневник на Ј. В. Гете, борбата меѓу заговорничките организации „Нептунија“ и „Плутонија“ за тоа која ќе владее со светот, како и лудата натпоручничка Марханова. Пораката скриена во серијата слики од Црното Езеро на Јан Прајслер ќе го доведе Лавабо сè до внатрешноста на изгаснатиот вулкан Коморна Гора. И, токму тука се крие неочекуваното решение на целата загатка. Насловот „Нулорог“ се однесува не само на роговите што на женките-носорози им ги отсекуваат ловокрадците, но и на „нула-суштината“ на времето во кое веќе нема место за слободната имагинација. Да се владее со маса која под влијание на консумеризмот и на масовните медиуми е затапена е многу полесно, отколку да се завладее со заедницата на „уникатни еднорози“. Номиниран за престижната награда „Магнезија литера“ за Книга на годината за 2019 година, „Нулорог“ на Петр Станчик е истовремено историски и авантуристички роман со детективски мотиви испреплетен со многу хумор и сатира.

Цена: 300 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач СлавиКа либриС

Report an abuse for product Нулорог

Категории: , , , , ,
ИСБН: ISBN 978-608-66375-7-6

Questions and Answers

You are not logged in