Нулорог

Publisher: СлавиКа либриС | Language: Македонски | Year: 2020
Original title: Nulorožec | Num. of pages: 205 | Dimensions: 145x205 mm | Cover: /

Инспекторот Либор Лавабо решава навидум лесен случај на дванаесет изгорени носорожици. Но, во потрагата постепено се вплеткува и тајниот дневник на Ј. В. Гете, борбата меѓу заговорничките организации „Нептунија“ и „Плутонија“ за тоа која ќе владее со светот, како и лудата натпоручничка Марханова. Пораката скриена во серијата слики од Црното Езеро на Јан Прајслер ќе го доведе Лавабо сè до внатрешноста на изгаснатиот вулкан Коморна Гора. И, токму тука се крие неочекуваното решение на целата загатка. Насловот „Нулорог“ се однесува не само на роговите што на женките-носорози им ги отсекуваат ловокрадците, но и на „нула-суштината“ на времето во кое веќе нема место за слободната имагинација. Да се владее со маса која под влијание на консумеризмот и на масовните медиуми е затапена е многу полесно, отколку да се завладее со заедницата на „уникатни еднорози“. Номиниран за престижната награда „Магнезија литера“ за Книга на годината за 2019 година, „Нулорог“ на Петр Станчик е истовремено историски и авантуристички роман со детективски мотиви испреплетен со многу хумор и сатира.

Price: 300 ден

10 in stock

Compare
Sold By СлавиКа либриС

Report an abuse for product Нулорог

Categories: , , , , ,
SKU: ISBN 978-608-66375-7-6

Questions and Answers

You are not logged in