Обител
Автор:
Захар Прилепин
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Обитель |
Бр. на страни:
663 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Романот „Обител“ е базиран врз вистински настани и расветлува една темна точка и раскажува една дотогаш нераскажана трагична приказна од времето на сталинизмот: Соловецкиот манастир, претворен во ужасен логор, во првиот гулаг. Логорот се наоѓа на северот на Русија, во Белото Море. Основан е по Октомвриската револуција во 1917 година, какао Соловецкиот логор за специјални намени (т.н. СЛОН), првиот од новата мрежа на казнени логори во СССР. Во манастирот – затвор нема само белогардејци, туку и црвеноармејци, чекисти, ленинисти, сталинисти, кулаци, наемници, поети, свештеници, убијци, манијаци..., каде што џелатите стануваат жртви, а затворениците стражари. Прилепин романот го пишувал три-четири години, истражувајќи многу литература, архивски материјали, мемоари и досиеја на затвореници. Логорот Соловки е посебен феномен, првиот гулаг, и не може да се спореди со идниот Гулаг, но имало ужаси за кои не се очекувало да се слушне во Русија: ужасни затворски услови, глад, тешка исцрпувачка работа, беспричински егзекуции, неразумни казни... „Во руската култура постојат две традиции: трагедиска и херојска. Достоевски е трагедиска фигура, Толстој – херојска. Шаламов е трагедиска фигура, Солженицин – херојска. Прилепин точно ја следи херојската традиција. Прилепин е Големиот Стил. Никој не умее, но тој умее“ – напиша рускиот писател Андреј Рубанов за Захар Прилепин по објавувањето на „Обител“. „`Обител` е совршено грандиозен текст, прекрасен, сеопфатен, физички опиплив – во дијапазон од болка до сладострастие“, пишува Шамиљ Керашев.
Questions and Answers
You are not logged in