Облечен човек
Автор:
Игор Џамбазов
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
ОБЛЕЧЕН ЧОВЕК |
Бр. на страни:
251 |
Димензии:
14 x 21 см
|
Корица:
/
Овие приказни се обични приказни. Вистински, човечки и возможни. Иако во животов сè е одамна невозможно.
Што добивате кога Игор Џамбазов ќе реши да раскажува за својот живот?
250 страници фасцинантно, забавно четиво полно со хумор, куп комични пресврти и неверојатни ситуации, пикантерии, интриги и најмногу од сè – искреност. И сето тоа зачинето со неповторливиот, за Игор толку препознатлив, стил на раскажување.
Десет раскази, десет приказни кои мора да се раскажат. И уште десет пати по толку причини да се (пре)прочитаат. Толку добро Џамбазов нè води низ случките од детството и младоста што ќе сакате уште. Ликови чии вистински имиња ќе сакате да ги дознаете, случки кои ќе ве заскокоткаат, урнебесни ситуации на кои од срце ќе се смеете – секоја страница е мини ремек-дело!
Зошто ја читате сè уште оваа корица? Завртете ја книгата и почнете! Верувајте, многу брзо пак ќе стигнете до овие редови. И потоа, ќе почнете од почеток...Книгата која се распродаде во над 5.000 примероци, добива свое продолжение!
4 оценки за Облечен човек
Questions and Answers
You are not logged in
Богомил Марков (верификуван корисник) –
Dimitar Kalajdzieski (верификуван корисник) –
Ивана Србиновска (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Овие 250 страници се врвот на Игор