Одбраната и последните денови ; Успението и падот на Икар Губелкијан
Author:
Борислав Пекиќ
Publisher:
ИЛИ-ИЛИ |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Odbrana i poslednji dani Uspenje i sunovrat Ikara Gubelkijana |
Num. of pages:
210 |
Dimensions:
20х13
|
Cover:
мека
Во новелите на Борислав Пекиќ на брилијантен начин се отсликани општествените и духовните трауми на современиот балкански човек. Напишани во седумдесеттите години од минатиот век, овие приказни совршено го доловуваат „духот на времето“ во кое се создадени, но несомнено остануваат актуелни и за нашиот денешен, современ живот.
Одбрана и последните денови е книгата според која култниот бенд на Новиот југословенски бран, белградски Идоли, го насловија својот легендарен првенец од 1982 година, во кој низ песните провејуваат делови од текстот на Пекиќ, фокусирајќи се пред се на психолошките моменти кај главниот лик. Се работи за необична новела за емигрантската судбина и следењето на трагите на поранешниот живот на Андрија Гавриловиќ, емигрант во Западна Германија во педесеттите години од XX век, кој се обидува барем по својата смрт да се врати во Југославија. Тој во последните години од Втората светска војна работи како чувар и спасител на една речна плажа на Тиса, на која никој не се дави, па Гавриловиќ се плаши дека ќе ја загуби работата, се до судбоносниот ден кога го спасува првиот давеник - еден германски војник. Како обичен човек кој се судира со сите бирократски механизми на комунистичкото општество, но исто така и со суровата иронија на животот, главниот лик на Пекиќ станува симбол за трагиката на постоењето на индивидуата среде лицемерноста која владее во сите општествени системи.
Успението и падот на Икар Губелкијан, пак, е трогателна приказна за уметноста и горделивоста, во која на интересен начин се актуализира античката приказна за митскиот летач Икар. Како и во претходната новела, обидот за надминување на сопствената судбина неминовно го води главниот лик кон прашањата за смислата на животот, за моралот и човековата судбина во рамките на тоталитарниот општествен контекст.
Reviews
There are no reviews yet.