Одеднаш, тропање на вратата
Книгата почнува со расказ во кој човек упаѓа во домот на писателот и бара да му раскаже приказна, бидејќи вистинскиот свет го истоштува и му е потребно нешто поинакво. Познатата монотонија и возбудливото „нешто поинакво“ се појавуваат во многу раскази: фантазијата ја презема контролата и се создава еден апсурден, надреален свет.
Во друг расказ, патолошки лажго открива дека сите негови лаги се вистина, а во трет се раскажува за млада жена која наоѓа минијатурен патент во устата на партнерот. Кога го откопчува, партнерот буквално ѝ се отвора и внатре таа го наоѓа Јирген, кој по сè изгледа, не е Евреин. Расказите се смешни, но и мрачни и заканувачки. Сепак, Керет на читателот му нуди и прекрасни моменти на добрина и се стреми да ја најде човечката искра во еден мрачен свет.
Оваа збирка раскази е преведена на повеќе од 20 јазици, меѓу кои на англиски, германски, француски, италијански, холандски, кинески, јапонски, шпански, турски, бугарски и хрватски јазик.
За овој израелски автор Салман Ружди вели дека „Керет е брилијантен автор, сосема поинаков од сите други што ги знам. Тој е гласот на идната генерација“. А за оваа негова книга со раскази, но и за неговото творештво, меѓу другото, е напишано:
„Најдоброто, најзрелото дело на Керет до моментов – прекрасна изведба на неговата меланхолична, чудесна и вознемирувачка проза.“ – Индепендент
„Етгар Керет е гениј... Моќен и вознемирувачки глас.“ – Њујорк тајмс
„Раскажувач великан... Да се жалиш дека Керет е Керет е како да се жалиш дека Чехов е Чехов.“ – Гардијан
Оценки
Сѐ уште нема оценки.