Оправдание на Островот

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Оправдание Острова | Бр. на страни: 336 | Димензии: 21 | Корица: тврда

ејството се одвива на остров што го нема на картата, но никој не се сомнева во неговото постоење. Тој не може да се најде во учебниците по историја, но настаните ни се сосема познати!

Новиот роман на Водолазкин е хроника на еден измислен остров, кој многу потсетува на вистински настани од руската историја. Книга во која се сплотени неколку различни епохи: средновековието, дваесеттиот век и сегашноста. Водолазкин умешно ги преплетува историските настани со такви што ниту постојат ниту може да постојат. Но, во исто време, фикцијата што е присутна не нѐ спречува да ја препознаеме и јасно да ја видиме сопственатастварност.

„Оправдание на Островот“ е метафора за тоа што може даѝ се случи на историјата. Одраз на суштината на времето што изминува и на значењето на историјата… на тоа дали пишаниот збор секогаш има тежина и моќ… на тоа како времето влијае врз луѓето.

Империи се раѓаат и паѓаат, но несебичната љубов не умира, а односите меѓу луѓето остануваат токму какви што биле пред векови и векови наназад.

Цена: 450 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Оправдание на Островот

Категории: ,
ИСБН: 978-608-243-534-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Оправдание на Островот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in