Османлиите во 99 прашања

Издавач: Алманах | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: 99 Soruda Osmanlı | Бр. на страни: 334 | Димензии: 21*13,5 | Корица: мека

Османлиската династија, чиј основач бил Осман Беј (1258−1324), била турско владетелско семејство по кое Османлиската Империја го добила своето име. Малиот анадолски беглик со време прераснал во моќна наднационална империја која ги проширила своите граници на три континента: Европа, Азија и Африка.      Како функционирала Османлиската Империја во која живееле припадници на различни народи, религии и конфесии? Како живееле Султанот и неговото семејство, а како неговите поданици? Зошто во османлиската држава немало наследна аристократија? Како се школувал и образовал воениот и бирократски кадар на Империјата и како било можно, преку системот на т.н. „девширма“ да се стигне до највисоките управни функции на Царството? По кој систем султаните доаѓале на престол и зошто кај Османлиите постоела „заштитната“ мерка братоубиство? За овие и многу други прашања одговори има токму во оваа книга.      „Османлиите во 99 прашања“ е напишана со лесен и разбирлив јазик и затоа, освен на историчарите може да им послужи и на сите љубители на османлиска-та историја, која повеќе од пет века била заеднички сегмент на повеќето балкански народи, вклучително и на жителите од просторот на денешна Македонија.

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Алманах

Report an abuse for product Османлиите во 99 прашања

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4794-20-2

Questions and Answers

You are not logged in