Основно правило за успех: кумулативниот ефект
Автор:
Харди, Дарен
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
ǂ The ǂcompound effect : jumpstart your income, your life, your success |
Бр. на страни:
191 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
мека
Без евтини фори. Без преувеличувања. Без магични стапчиња. Според Дарен Харди постои само еден, многу едноставен и функционален принцип за успех, без оглед на кое поле во животот сакате да напредувате. Ако сте сериозни дека сакате да живеете исклучителен живот, тогаш искористете ја моќта на кумулативниот ефект за да го постигнете успехот кој го посакувате. Оваа книга се базира на принципот дека одлуките што сите ги носиме во животот се оние кои ја обликуваат нашата „судбина“ и нашиот пат во животот. Малите секојдневни одлуки или водат до живот каков што сите посакуваме или пак до катастрофа. Дарен Харди, авторот и издавач на списанието УСПЕХ, направил збир на основните принципи кои се заслужни за најфеноменалните достигнувања во бизнисот, врските и општо во сите аспекти на животот. Оваа книга треба да ја прочита секој кој копнее по нешто, без разлика дали тоа се однесува на подобра кариера, поуспешни и поисполнителни љубовни врски, подобро физичко здравје и тело, раст и усовршување или кој било друг аспект… бидејќи е како оперативен систем кој ви овозможува да го умножувате вашиот успех, да го бележите напредокот и да постигнете сè што сакате во животот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.