Остани позитивен со Марко Аурелиј
Author:
Јана Капри
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Остани позитивен со Марко Аурелиј |
Num. of pages:
142 |
Dimensions:
20
|
Cover:
мека
Што можам да сторам за да бидам среќен?
Како треба да се однесувам со другите?
Како помалку да се грижам?
Можам ли да останам позитивен и спокоен?
Овие се големи прашања што сите си ги поставуваме во одреден момент од животот. Но воопшто не е лесно да се најде соодветен и мудар одговор. Замислете си дека сите овие секојдневни прашања можете да му ги поставите на најголемиот стоички филозоф Марко Аурелиј. Оваа книга ви го овозможува тоа, зашто во неа ќе најдете:
- 79 прашања за животот
- 79 одговори од Марко Аурелиј приспособени на денешниот јазик
- поттикнувачки размисли за да го задржите позитивниот став во животот.
Кога работите течат совршено, оваа книга ќе ви помогне да го задржите духовниот мир. Но кога ќе тргнат наопаку – во семејството, љубовта, социјалните односи, работата – овие пораки ќе ви помогнат да им пристапите од поинаква перспектива и да ја издигнете својата свест. Само со таква свест ќе можете да се самосознаете и да стекнете храброст за надминување на проблемите и страдањето.
Reviews
There are no reviews yet.