Отсечки стварност

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Отсечки стварност | Бр. на страни: 105 | Димензии: 185x120 | Корица: тврда

„Отсечките стварност“ обично се случуваат среде секојдневието, кое на прв поглед се чини банално. Но, Здравески успева да ни ги укаже пукнатините во реалноста, кои претставуваат влез во непредвидливи, можеби и опасни лавиринти. Со тон што не е врескачки, туку сталожен, со проникливост и интуитивност, со смелост да се ѕирне и во мрачните ќошиња на човековиот дух, авторот создал еден вид медитации на подвижна лента, успевајќи во невозможното – да изваја мали парчиња смисла среде сеопштата врева на современоста од која никој не е поштеден. Притоа, микроскопскиот поглед врз светот служи како алатка за проникнување во длабоките тајни на човечката егзистенција.

Но, не сите парчиња се натопени во истиот контемплативно-медитативен тон. Користејќи го хуморот, понекогаш на граница на црниот хумор, бизарноста, апсурдот, очудувањето преку врската со детството и детскиот поглед на светот, авторот создава текстови што се исто така епифанични, само што овој пат до епифанијата се доаѓа по сосема друг пат и на друг начин.
Иван Шопов

Цена: 150 ден

12 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Отсечки стварност

Категорија:
ИСБН: 978-608-4869-19-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Отсечки стварност”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in