Патешествието до Карабах
Author:
Ака Морчиладѕе
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Journey to Karabakh |
Num. of pages:
144 |
Dimensions:
13x20
|
Cover:
мека
Едно младо момче од Грузија патува до Карабах, спорна зона помеѓу Ерменија и Азербејџан, за да купи евтина дрога. Го заробуваат најпрво Азерите, а потоа и Ерменците. Така долго време поминува далеку од својата татковина, сфаќајќи дека и не сака да се врати. Што го чека дома? Таткото алкохоличар и бремената девојка, која не е прифатена од неговите. Што е слободата и дали во неа може најмногу да уживаме затворени? Грузискиот бестселер, според кој се снимени два играни филма, е моќна книга за тешкото прашање на наоѓањето и на дефинирањето на слободата. „Книга за борбата против општествените норми“. Списание Твид Ака Морчиладѕе е псевдоним на Ѓорги Аквледиани (1966). Рангиран е како најталентираниот и најчитаниот постсоветски писател од Грузија. Студирал, а подоцна и предавал историја. Бил и спортски новинар. Има објавено над 20 романи и неколку книги раскази. Моментално е самостоен уметник. Живее во Лондон.
Questions and Answers
You are not logged in