Писма од карантин
Author:
Димитар Башевски
Publisher:
Слово |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Писма од карантин |
Num. of pages:
135 |
Dimensions:
20
|
Cover:
/
Димитар Башевски, еден од нашите најистакнати писатели, не само кај нас туку и пошироко афирмиран романсиер, раскажувач, поет, на книжевната публика, сега одново, ѝ предлага една особена книга. Се работи за писма-есеи, објавувани во текот на месеците на пандемијата кога, затрупани од дневните непријатни вести за вирусот и вести од дневно-политичка природа, авторот сакал да го сврти вниманието на публиката кон други, сосем поразлични теми, и читателите, макар за кратко, ги оддалечи од преокупираноста со епидемијата, кон нешта потрајни, повозвишени и поблагородни од болеста што, во нови, позастрашувачки и потрагични плими, не престанува сѐ поопасно, веќе судбоносно да го преплавува светот. Овој ракопис, поттикнат од една стихија, неа самата – директно неспомната – на елиптички начин неа ја содржи длабоко во себе. Во тој контекст, накратко речено, се настанати овие писма на Димитар Башевски, исполнети до дух и со размисли за суштествените нешта.
Questions and Answers
You are not logged in