Писма од мојата воденица / Алфонс Доде
Author:
Алфонс Доде
Publisher:
Макавеј |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Lettres de mon moulin / Alphonse Daudet |
Num. of pages:
140 |
Dimensions:
А5, 21cm
|
Cover:
мека
Од разновидното и мошне обемно дело на Доде денес е актуелна и мошне читана главно збирката куси раскази и импресионистички лирски записи и скици Писма од мојата воденица. Интересен е податокот дека Доде оваа книга ја објавил под псевдонимот Жан-Мари, и таа набргу станала популарна и на својот автор му го донела првиот вистински успех. Овие импресионистички описи, мајсторското мешање на реалното и бајковитото, на документот и на фикцијата, придонесуваат Алфонс Доде да стане тогашна надеж на современата француска литература. Неговите раскази стануваат постојана лектира на младите, сè повеќе се застапени во училишните читанки, барани се и читани насекаде. Очигледно е дека како мајстор на кусата прозна форма Доде го погодил вкусот на еден широк слој читателска публика. Давајќи ѝ реалистична рамка на својата книга, а истовремено и проткајувајќи ги прекрасните лирски описи на провансалската природа со преданија, со сказни и со бајковити примеси од тој дел на Франција, Доде создал заводлив книжевен амалгам, дело коешто читателот ту го држи цврсто во грубата реалност на тешкиот провинциски живот ту го понесува со крилјата на фантазијата.
Писма од мојата воденица / Алфонс Доде ; [превод од француски јазик Наташа Ѓондева ; поговор Санде Стојчевски]
Reviews
There are no reviews yet.