Планетаризам
Author:
Киро Урдин
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
Планетаризам |
Num. of pages:
200 |
Dimensions:
220х220
|
Cover:
/
Планетаризам претставува необично издание во кое авторот создава уметнички дијалог меѓу две различни уметности – сликарството и литературата. Книгата нуди умешен спој на акварелот (како типична сликарска техника) и афоризмот (како специфичен книжевен жанр), при што ограничувањата на едниот медиум се надополнуваат со можностите на другиот медиум. Следејќи ја логиката според која една уметност се наоѓа во сите уметности, а секоја уметност може да се претопи во една, Киро Урдин ја раскажува својата визуелна приказна за уметноста како нешто што се создава токму во процесот на неговото восприемање. Денес планетаризам
е меѓународно уметничко движење кое ги спојува сликарството, филмот, танцот, музиката, литературата... Движењето е произлезено од сликата на Урдин Планетариум, која е првата уметничка слика работена на 25 места од Земјината топка. При создавањето на ова дело, авторот се водел од идејата да истражи како енергијата содржана на различни значајни места од мапата на светската цивилизација ќе изврши влијание врз сликата и како самата слика ќе се рефлектира на тие места.
Reviews
There are no reviews yet.