Погледите на еден кловн

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 229 | Димензии: 205x135 | Корица: /

Погледите на еден кловн е литературно ремек-дело на еден од најголемите повоени германски автори, Хајнрих Бел. Тоа е приказна за кловнот Ханс, којшто по разделбата со својата љубена Мари, страда од меланхолија и очај. Ханс, како своевиден изрод во општеството, е совршен негов исмејувач – тој е кловн, кој не соодветствува со религиозните стандарди на повоената германска средна класа, којашто трудејќи се да создаде атмосфера на моралност, ред и толеранција е загубена во релативизмот на вредностите. Сепак, неисцрпната тема на љубовта ја одигрува најважната ролја. Љубовта е причината за пропаста на Ханс, но тоа е јасен приказ дека без неа не може да се живее. Никогаш не ја запознаваме Мари. Со неа се среќаваме од неговите магливи спомени, создаваме нејзина слика благодарение на неговите длабоки размисли, погледи, тргнуваме по субјективниот пат на Ханс. Агностицизмот и духовниот раздор  на главниот јунак идеално го дополнуваат мотивот на несреќната, тажна љубов, преку која Хајнрих Бел се обидува да го приближи сложениот лик на Ханс. Тешкотијата на животот во очи на болната вистина – тоа е еден од најважните мотиви во Погледите на еден кловн.

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Погледите на еден кловн

Категорија:
ИСБН: 978-608-653-061-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Погледите на еден кловн”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in