Погледите на еден кловн
Author:
Хајнрих Бел
Publisher:
Бегемот |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
/ |
Num. of pages:
229 |
Dimensions:
205x135
|
Cover:
/
Погледите на еден кловн е литературно ремек-дело на еден од најголемите повоени германски автори, Хајнрих Бел. Тоа е приказна за кловнот Ханс, којшто по разделбата со својата љубена Мари, страда од меланхолија и очај. Ханс, како своевиден изрод во општеството, е совршен негов исмејувач – тој е кловн, кој не соодветствува со религиозните стандарди на повоената германска средна класа, којашто трудејќи се да создаде атмосфера на моралност, ред и толеранција е загубена во релативизмот на вредностите. Сепак, неисцрпната тема на љубовта ја одигрува најважната ролја. Љубовта е причината за пропаста на Ханс, но тоа е јасен приказ дека без неа не може да се живее. Никогаш не ја запознаваме Мари. Со неа се среќаваме од неговите магливи спомени, создаваме нејзина слика благодарение на неговите длабоки размисли, погледи, тргнуваме по субјективниот пат на Ханс. Агностицизмот и духовниот раздор на главниот јунак идеално го дополнуваат мотивот на несреќната, тажна љубов, преку која Хајнрих Бел се обидува да го приближи сложениот лик на Ханс. Тешкотијата на животот во очи на болната вистина – тоа е еден од најважните мотиви во Погледите на еден кловн.
Reviews
There are no reviews yet.