Посетата на дворскиот лекар
Автор:
Перл Олов Енквист
Издавач:
ИЛИ-ИЛИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Livlakarens besok |
Бр. на страни:
390 |
Димензии:
20x13 cm
|
Корица:
/
Дејството во романот на Енквист е сместено во 1760-тите, период кога Просветителството го доживува својот врв. Младиот дански крал, Кристијан Седми, е недоквакан. Неговата кралица, англиската принцеза Каролин Матилде, е заљубена во неговиот најдоверлив советник, дворскиот лекар Струнзе. Гулдберг, ладнокрвен религиозен фанатик, е решен да ги поништи просветителските идеи што Струнзе ги воведува во Данска. Тој што ќе издржи до крајот во нивната горчлива идеолошка битка, ќе го контролира не само кралот, туку и државата. Прељуба, лудило, забодување ножеви во грб и благородничка крв... Енквист брилијантно претставува една драматична ера во данската историја, испреплетувајќи многу историски личности, како Волтер, Дидро, Катерина Велика и Џорџ Трети, во приказна за немилосрдна политичка амбиција и личното предавство.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.