Последните денови на Ханс
Автор:
Михајло Свидерски
Издавач:
ИЛИ-ИЛИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Последните денови на Ханс |
Бр. на страни:
137 |
Димензии:
20
|
Корица:
тврда
Не би сакал да стекнам репутација на нихилист, јас ги сакам власта и законите исто колку и моралот. Така често си размислувам, што би правел со себеси ако не се издигнев до небото, тогаш, веројатно сè би било лишено од објективно значење. Но, ми беше предодредено да допрам една половина од светот, и сè што ќе допрам да биде мое. Не сакам да мислите дека сум фаталист, напротив, јас преку својата волја и интелигенција, бев предодреден за таа улога. Самиот постигнав сè. И тука нема никаква случајност, сепак не сакам да звучам како детерминист. Не, не сум ни тоа. Ниту емпирист, јас немав никакво искуство пред да ги поседувам сите тие добри работи, ниту рационалист, оти и денес не се водам од разумот, туку од возвишените чувства на срцето. Отворено застанав зад желбите за моќ и доминација без никаков проблем. Не сум опортунист, не сакам да бидам погрешно сфатен. Јас пПокрај своите интереси, јас се грижев и за интересите на светот. Ниту макијавелист, бидејќи на крајот бев крајно изманипулиран и предаден. Во својата најдлабока внатрешност, јас сум плашливец, слаб и повреден човек.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.