Празнување на животот
Романот е оценет како брилијантен, но тој не е само роман, туку самиот по себе е своевиден жанр. Не е ниту тажен, ниту радосен, туку е роман-рефлексија, чиешто читање претставува вистинско естетско искуство. Авторката од обичните човечки чувства и настани прави суштина, во која сепак најмногу значење им дава на вистинските љубови и на слободата и го поттикнува читателот да размислува кое од нив е подостојно за животот.
Празнување на животот е приказна изградена и раскажана преку други приказни и соништа, кои сите заедно градат фантастичен свет. Авторката прави баланс меѓу латвиската лирска традиција и современите размислувања, а ова дело е како една архаична магија, но во модерна изведба.
Reviews
There are no reviews yet.