Претстава

Издавач: ПНВ Публикации | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 174 | Димензии: 21 | Корица: мека

„Претстава“ е трет роман што го потпишува писателот Гоце Ристовски, по „Се е гола вода, мој Ѓорѓија“ и „Врамување во пустелија“ кои оставија забележителни траги во современата литература, а кои во рамките на конкурсот „Роман на годината“ беа одбрани во потесниот избор за наградата. Ристовски е автор и на две збирки раскази, една драма, две монографии, две антологии, една книга литарaтурни есеи, еден научен труд и повеќе преводи на дела од балканските јазици.

Oвој роман со метафоричен наслов „Претстава“ Гоце Ристовски се наметнува со веќе неговиот препознатлив книжевен ракопис – згуснат и слоевит јазичен израз, богата лексика, вешто обликуван дијалог, сугестивни описи, длабинско исцртување на карактерите на ликовите и јасно и конкретно отсликување на општествената реалност со ненаметлив но ефектен критички став. Гоце Ристовски не  нуди одговори туку поставува круцијални прашања од важност за човекот и светот  на почетокот на 21-от век. Тој вешто ја плете приказната вметнувајќи неочекувани пресврти градејќи  ја, навидум со фрагментирана структура, со мешање на времињата, минати и сегашни, манипулирајќи со просторот (од локален кон глобален и обратно) и проблематизирајќи ги сонот и јавето со еднаков сомнеж притоа мултиплицирајќи ги, како низ скршени огледала, во напоредни светови.

„Претстава“ е роман потрага. Потрага по идентитетот, личен и колективен. Потрага по одговорот на прашањето: Кој сум јас и кои сме ние? Забраздувајќи во она што било (пред неколку векови) и цврсто вкоренувајќи се во сегашноста ова дело ги следи животописите на две семејства низ неколку генерации, притоа истакнувајќи ја на преден план повторливоста на судбината на ликовите, мошне идентична на нивните предци, но сместена во нов контекст од кој произлегуваат и нови значења, но кои суштински мошне малку можат да го променат воспоставениот сооднос.

Како и секое добро прозно дело „Претстава“ на моменти ќе ве насмее до солзи со пресликување на апсурдноста на животот, а вклучувањето на документарно градиво книгата ја прави уверлива и сугестивна и за најпребирливите читатели.

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач ПНВ Публикации

Report an abuse for product Претстава

Категорија:
ИСБН: 978-608-4641-56-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Претстава”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in