Приказна за една гротескна љубов
Автор:
Карл-Јохан Валгрен
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
DEN VIDUNDERLIGA KÄRLEKENS HISTORIA |
Бр. на страни:
332 |
Димензии:
195x125
|
Корица:
/
Јунакот на романот, Херкул Барфус, е глувонемо џуџе што поседува необична дарба за читање на туѓите мисли и за влијаење врз нив, како и за предвидување на иднината. Доаѓа на свет во јавна куќа, а мајка му умира за време на породувањето. Истиот ден, во соседната соба, се раѓа ќерката на друга проститутка – Хенриет. Децата воспоставуваат необичен контакт… Романот „Приказна за една гротескна љубов“ искажува сродство со литературата на јужноамериканскиот магичен реализам, со своите претходници Габриел Гарсија Маркес и Изабела Аљенде. Во овој барокен роман, чија акција е сместена во почетокот на XIX век, значењата се менуваат прикажувајќи го двојното дно, блескавите парадокси пронаоѓаат исто така блескави решенија, лутајќи по мрачните лавиринти на писателот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.