Приказна за новото презиме
Серијал неаполски романи #2
ПРИКАЗНА ЗА НОВОТО ПРЕЗИМЕ ВТОРАТА КНИГА ОД ЧЕТИРИТОМНИОТ ОМАЖ НА ЖЕНСКОТО ПРИЈАТЕЛСТВО, ЕДНАКВО ВОЗБУДЛИВ И СУРОВО ИСКРЕН КАКО И ПРЕТХОДНИОТ
Двете неразделни другарки сега се шеснаесетгодишнички што тргнуваат по различни патишта, судирајќи се со семејството, политиката, љубовта, верноста и, пред сè, со пријателството. Новото презиме и корумпираноста го заробуваат немирниот дух на Лила, а Елена го напушта задушливиот провинциски живот за да го продолжи образованието. По заедничкото летување и неочекуваниот пресврт што им го искушува пријателството, Елена тивко страда поради нејзиното предавство. А кога Лила ја замолува да ѝ почува една скришна кутијка со своевидни дневници, Елена не може да не ги прочита – а потоа огорчено ги фрла во реката...
Reviews
There are no reviews yet.