Приказните на Фанг Гуоѕи

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2019
Original title: Најдобрата кинеска литератуа за деца-антологија | Num. of pages: 243 | Dimensions: 21 | Cover: /

ТВРДА КОРИЦА „Приказните на Фанг Гуоѕи“ на Џоу Жуи (1953) содржи 14 раскази, кои се поврзани со ист лик и претставуваат своевидна целина. Во оваа книга тој пред публиката распостила еден интересен свет исполнет со детска забава и живост и хумор. За себе во предговорот на книгата Џоу Жуи пишува: „Кога бев дете, никогаш не помислував да станам писател, сакав да станам сликар, актер во Пекиншката опера или пингпонгар. Сепак, откако се заинтересирав за пишување, сфатив дека сите различни интереси во годините пред тоа, всушност, придонесоа за пишувањето. ...Читањето е од суштинско значење за пишувањето. ....Некои читатели ме прашуваат: `Од каде произлегува хуморот во вашите дела?` Убеден сумдека хуморот, како културна одлика, може да се развие преку читање.“ Жуи е уредник на издавачката куќа „Народни ликовни уметности“ од Шангај. Во неговите дела се вбројуваат: „Хумористична верзија на чуднитеприказни од едно осамено студио“, „Премиерот има петмина толкувачи“, „Комарците грицкаат комарци“, „Ун и Ах“, „Двајца велики генерали“, „Учителката во училишната чанта“, „Кинескиот зајак и германската трева“, „Големиот глушец и малата мачка“ и „Боата на оперската сцена“. Осумпати е добитник на највисоките награди за книжевност за деца во Кина. Во своите дела, тој пред публиката распостила еден интересен свет исполнет со детска забава и живост и хумор.

Price: 200 ден

9 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Приказните на Фанг Гуоѕи

Categories: ,
SKU: 978-608-252-109-1

Questions and Answers

You are not logged in