Прилози кон кониковското евангелие

Publisher: Менора | Language: Македонски | Year: 2020
Original title: ПРИЛОЗИ КОН КОНИКОВСКОТО ЕВАНГЕЛИЕ | Num. of pages: 227 | Dimensions: Б5 | Cover: мека

Евангелието (гр. εὐαγγέλιον) e библиска книга од составот на Новиот завет. Тоа е преведено од грчки на старословенски јазик од браќата Кирил и Методиј уште пред да заминат одовде во Велика Моравија во 863 година. Овој прв превод на евангелскиот текст го содржел т.н. краток апракос , поделен на зачaла кои се читаат на богослужбите во текот на целата година. Подоцна во Моравија, врз основа на словенското апракосно евангелие бил докомплетиран преводот на полниот четвороевангелиски текст. За разлика од изборното (апракосно) евангелие, во четвороевангелието евангелскиот текст не е распореден според богослужбите во православната црква, туку според четирите канонски евангелија од Матеј, Марко, Лука и Јован. Евангелието зазема видно место во македонската писмена традиција. На македонски терен настанале голем број ракописни евангелски текстови, меѓу кои неколку глаголски од X –XI в. како Асемановото, Зографското и Маринското евангелие и кирилските Новогородски ливчиња, и повеќе десетици кирилски евангелија, пишувани во периодот од XI до почетокот на XV век, како што се: Добромировото евангелие, Македонското евангелие, Добрејшовото евангелие, Карпинското евангелие, Стаматовото евангелие, Велешкото евангелие, Дечанското евангелие, Григоровичевото евангелие бр. 9 итн.

Price: 1800 ден

4 in stock

Compare
Sold By Издавачка куќа Менора

Report an abuse for product Прилози кон кониковското евангелие

Category:
SKU: ISBN 978-608-200-444-0

Издавачка куќа Менора

Questions and Answers

You are not logged in