Продавница за чудни миленичиња

Original title: Продавница за чудни миленичиња | Num. of pages: 268 | Dimensions: 20 | Cover: мека

Во нашиот древен Охрид живеат близнаците Марко и Марика. Тие многу ги сакаат животните и со сите сили се трудат да им помогнат, поради што дури стануваат асистенти на локалниот ветеринар. Но и покрај сето тоа дома не им дозволуваат да чуваат животни. Еднаш во градот се отвора продавница за миленичиња чиј сопственик ја носи со себе малечката внука Теа. Родителите на девојчето се разведуваат и таа многу тешко го доживува тоа. Наскоро децата откриваат дека во продавницата не живеат само обични животни, туку и сосема чудни суштества чија задача е да им помагаат на луѓето. А тоа значи дека можат да и помогнат и на самата Теа. И од тој момент започнуваат авантурите на тројцата другари и нивните помошници од животинскиот свет. Децата се наоѓаат во разни ситуации, им помагаат на луѓе кои им се сосема непознати, патуваат по градот и околината, правејќи откритија со надеж дека нивната најголема желба наскоро ќе се исполни. Неочекувано на чудните животни им се заканува сериозна опасност и само децата можат да ги спасат. Ако ве интересира каде е закопана златната маска, кој е тој Дљуњ, како може да се размагнетизира Маги, зошто на змејовите им растат мачешки мустаќи и кому му е наменет Јуми, ова е книга за вас.

Книгата е наменета за деца од 6 до 12 години

Price: 400 ден

100 in stock

Compare
Sold By Прозарт Медиа

Report an abuse for product Продавница за чудни миленичиња

Category:
SKU: 978-608-256-135-6

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Продавница за чудни миленичиња”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in