ПРОЅЕВКО И ДРЕМАЛО

Издавач: Александар & Александар | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: ПРОЅЕВКО И ДРЕМАЛО | Бр. на страни: 56 | Димензии: А5 | Корица: /

Современиот македонски поет, писател, препејувач, критичар, антологичар Александар Поповски, кој има објавено повеќе книги поезија, кратка проза, романи, антологии за возрасни е исто така мошне плоден и како писател за деца.
Под негово име се објавени бројни книги поезија, меѓу кои и сказната роман "Принцезата на Бостанскиот цар", потоа книги со раскази, приказни, бајки, повести и романи.
Оваа книга донесува нова поезија за деца која со задоволство може да биде читана и од повозрасни читатели.
Еве една кратка песничка од оваа книга:

МОДА

Сега тоа е мода,
треба да си кул!

Зарем не си чул?

Не чекај згода,
оди си по мода,
соблечи си едно,
облечи си друго,
нафрлај уште:
Ем змијче, ем гуштер,
искинато, бедно,
биди си кул!

Зарем не си чул!

Цена: 140 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Александар & Александар

Report an abuse for product ПРОЅЕВКО И ДРЕМАЛО

Категорија:
ИСБН: 978-9989-49-073-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “ПРОЅЕВКО И ДРЕМАЛО”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in