Првобитните нешта

Издавач: ИЛИ-ИЛИ | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: As primeiras coisas | Бр. на страни: 309 | Димензии: 20 | Корица: /

Целото човештво гори внатре во овој роман, а не само жителите на маалото Амелија.

Во својот прв роман Првобитните нешта, Бруно Виејра Амара се навраќа во замисленото маало Амелија, кое се наоѓа на јужниот брег на реката Тежо, во Вале да Амореира, во регионот Сетубал, каде што самиот тој пораснал, и од каде што секојдневно го гледал градот Лисабон, токму отаде брегот од другата страна на Тежо. Имено, делото комуницира со биографијата на Амарал, но, самото по себе не е автобиографско. Во нарацијата на романот, авторот го напушта тоа маало пред речиси десед години и тоа заминување е своевидна победа со која се оддалечил од трошните и сиви згради на сиромаштијата и општествената изолација и исклученост. Но, по низа животни порази, развод, невработеност, очај, револт, болка, сега се враќа на истото место, живее со мајка му и се соочува со свет кој, не само што не го препознава туку и не постои повеќе онаков каков што го оставил. Самото негово враќање во родното место, речиси одисејски, го означува и започнува со неговиот конфликт со минатото, но, конечно, елегичниот крај му ги отвора портите на ослободувањето од бремето на меморијата, каде што тој ги препознава вистинските првобитни, некогашни, први нешта. 

Цена: 350 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Или-Или

Report an abuse for product Првобитните нешта

Категорија:
ИСБН: 978-608-4770-69-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Првобитните нешта”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in