Психокибернетика : моќен начин да извлечете максимум од животот

Издавач: Паблишер | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Psychocybernetics : a new way to get more living out of life | Бр. на страни: 283 | Димензии: 21 | Корица: /

За првпат објавена во 1960 г., Психокибернетика до ден-денес го држи приматот на бестселер со продадени над триесет милиони примероци во светот. Се смета за авторитетно дело во областа на личниот развој од кое инспирација црпат многу експерти, како Зиг Зиглар, Тони Робинс и Брајан Трејси. Нејзините ефикасни методи ги применуваат генерации врвни спортисти, претприемачи, студенти и обични луѓе, кои откриле дека успехот не само што е возможен туку е и зачудувачки лесно достижен.

Работејќи како врвен пластичен хирург, Молц открил дека на своите пациенти не им го менува само ликот туку и внатрешното Јас. Во оваа книга тој за првпат ја дефинира поврзаноста меѓу умот и телото, воведувајќи го позитивниот став како средство за промена. Психокибернетика ви покажува како да ја подобрите сликата за себе, ви нуди вежби за релаксација и визуализација, ви помага да ги отстраните емоционалните лузни, да направите емотивен лифтинг – и да ги достигнете успехот и среќата што ги посакувате.

Среќата и успехот се навика; истото важи и за неуспехот и сожалувањето. Но вие можете да ги смените негативните навики со неверојатната моќ на психокибернетиката!

Цена: 450 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Психокибернетика : моќен начин да извлечете максимум од животот

Категорија:
ИСБН: 978-608-4569-59-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Психокибернетика : моќен начин да извлечете максимум од животот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in