Пустина на љубовта

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Le Désert de l'amour | Бр. на страни: 172 | Димензии: 145x200 | Корица: мека

Пустина на љубовта е романескно истражување на љубомората и несоодветно реализираната љубов во која се задушуваат тројца луѓе. Франсоа Моријак покажува одлично познавање на длабочините на човечката психа. Ликовите меѓу себе создаваат ситуација во која секој погрешно го разбира оној што го сака. Тие дејствуваат според сопствените импресии за другиот, а постојано прават погрешни процени. Резултатот од тоа не е комичен туку трагичен. Наместо љубовта да им даде можност за ослободување, таа всушност ги ограничува, ги соочува со пустината во себе и пустината на другиот, па никој не излегува среќен од ваквиот љубовен триаголник. Текстот зрачи со одредено студенило, а интензитетот на расчекорот кај протагонистите предизвикува клаустрофобично чувство – нема излез од љубомората, љубовта и од задушувањето на другиот.

Цена: 320 ден

1 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Пустина на љубовта

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-221-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Пустина на љубовта”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in