Разговори со Бети
Со колку нежност и драгост говори поетот кога се обраќа кон својата прва и единствена ќерка - изнурнуваат прекрасни, инспиративни стихови. Иако таа денес е возрасна, песниве објавени во оваа книга за деца, нè враќаат на времето од најраното нејзино детство.
Саво Костадиновски е еден од најпознатите и најпродуктивните македонски писатели за деца и за возрасни кој поголемиот дел од својот живот го минува во туѓина. Првата збирка со песни Саво Костадиновски ја објавил кај познатиот издавач на литература за деца и млади „Детска радост“ уште во далечната 1980 година. Костадиновски е член на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на писателите на Германија, а како значаен поет и прозаист, патописец и есеист, кој се занимава и со преведувачка дејност, членува и во Сојузот на литературните преведувачи на Македонија.
1 review for Разговори со Бети
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –