Разговори со пријатели
Author:
Сали Руни
Publisher:
КУЛТУРА |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
/ |
Num. of pages:
/ |
Dimensions:
/
|
Cover:
/
ДЕСЕТ НАЈДОБРИ КНИГИ ЗА 2017 ГОДИНА СПОРЕД VOGUE ДЕСЕТ НАЈОМИЛЕНИ КНИГИ НА ГОДИНАТА СПОРЕД SLATE НАЈДОБРИ КНИГИ ОД ЖЕНСКИ АВТОРИ СПОРЕД CUT НАЈДОБРИ КНИГИ НА ГОДИНАТА СПОРЕД ELLE.COM Франсис е млада жена со навидум студен карактер и мрачна надворешност, која се занимава со пишување додека студира во Даблин. Нејзин најдобар пријател е убавиот и самобендисан Боби. Една вечер на еден локален поетски перформанс, тие се сретнуваат со една позната фотографка и при секоја нова средба Френсис постепено влегува во нејзиниот свет. Френсис е импресионирана од нивниот софистициран дом и нејзиниот згоден сопруг, Ник. Но, колку и да изгледа забавен флертот на Франсис и Ник на почетокот, тие покажуваат чудна, а потоа и болна блискост.Напишан со прецизно избрусена содржина налик на скапоцен камен и исполнет со лукава смисла за хумор, РАЗГОВОРИ СО ПРИЈАТЕЛИ е роман за неисполнетите задоволства во животот, младешките опсесии и неконтролираното женско пријателство. „РАЗГОВОРИ СО ПРИЈАТЕЛИ е роман за една девојка разочарана од студентскиот живот што започнува афера со постар и оженет човек.“, Зеди Смит „Врвен. Магичен.“, Куртис Ситенфелд
Reviews
There are no reviews yet.