Русија на Путин: записи од опачината на светот
Автор:
Борис Камчев
Издавач:
Темплум |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Русија на Путин : записи од опачината на светот |
Бр. на страни:
229 |
Димензии:
19
|
Корица:
мека
Дали земјата цивилизациски и културно е европска или е азиска? До кога таа ќе се смета за најекстремниот европски Исток? Колку Петербург е руско културно средиште, а колку е централноазиски град? Зошто Москва ги повампири сталинизмот и тоталитаризмот во огромната земја, и зошто инсталира милитаристички режим во Чеченија? Кој бил македонскиот елемент во организацијата на црвениот терор? Кои се владетелите на Русија и на нејзините неисцрпни природни богатства? Како посветен проследувач на состојбите – и оние низ пустелиите на дваесетвековната руска провинција и оние во супермодерните светски мегаполиси Санкт Петербург и Москва – Камчев во книгава се обидува да разгатне некои од тајните на Русија. Со сѐ поизразеното руски вилјание во регионот, Македонија се подели на русофили и русофоби и во јавноста сѐ почесто се дискутира дали е добро или лошо прифаќањето на руското влијание во земјата. Во книгава авторот дава сопствен независен поглед на состојбите во Русија, земја со сложено поблиско и подалечно минато и со уште посложена сегашност, коишто создадоа една монолитна власт со изразено авторитарни тенденции. Кремљ одамна ги напушти идеалите за демократска и либерална Русија што се возродија од перестројката па наваму. Меѓу другото, и затоа социјалната и политичката стварност на земјата останува комплексна и релативно непредвидлива. Борис Камчев е новинар и публицист кој пишува за повеќедомашни и странски изданија. Во последните години тој живее и патува на релацијата Скопје-Санкт Петербург- Вашингтон. Како речиси единствен македонски дописник од Русија, неговото творештво е посветено на теми поврзани со руската социјална и политичка стварност. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје и специјализирал на школата за новинарство на универзитетот Мисури, Колумбија (САД) во 2010 година. Во моментов работи како постојан соработник во американската издавачка куќа LNG Publishing Co. Во македонската јавност е познат по своите новинарски статии и колумни објавувани во неделниците Форум и Капитал, и во весниците Нова Македонија и Дневник.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.