Рустем и Сухраб: епизода од Шахнаме
Океан од митолошки преданија и историски легенди, љубовни поеми и стихувани летописи, лирски размисли и афористички тврдини – „Шахнаме“ на Фирдуси е врвот на персиската епска уметност, едно од неколкуте книжевни остварувања што би можеле да го поднесат товарот на придавката „монументални“, најобемното дело напишано од единствен автор во човековата историја.
Еден од деловите на епот на кој несомнено се однесуваат дел од овие ласкави оцени е и циклусот за Рустем и Сухраб – првиот, најголемиот јунак во „Шахнаме“, а вториот, негов син од врската со принцезата Техмина. Класична анагнористичка приказна со безмалку задолжително трагичен призвук, циклусот ја следи потрагата на Сухраб по неговиот татко, што, на негова несреќа, завршува успешно: првата средба меѓу двајцата главни ликови е најтрагичниот момент во животите на двајцата, но и еден од најтрогателните описи во целиот еп.
„Рустем и Сухраб“ опфаќа 24 пеења и речиси 3.000 стихови, овде успешно препеани во неримувани единаесетерци, во дослух со македонската народна традиција и со востановената епска препејувачка практика и на вокабуларен и на синтаксички план.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.