Сè што правиме во мракот

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Things we do in the dark | Бр. на страни: 384 | Димензии: 20 | Корица: мека

Парис Пералта е осомничена дека го убила својот славен сопруг, а нејзиното минато што долго време го криела сега се заканува да ѝ ја уништи иднината.

Парис е уапсена во нејзината бања. Покриена е со крв и држи жилет, додека сопругот лежи мртов во кадата зад неа. Таа знае дека ќе биде обвинета за убиство. Но, колку и да изгледа лошо сето ова, тоа не е она што најмногу ја загрижува.

Поради непосакуваното медиумско внимание што сега ја опкружува, прашање на време е кога некој од нејзиното минато ќе ја препознае и ќе ѝ го уништи новиот живот кој толку напорно работеше да го изгради.

Дваесет и пет години претходно, Руби Рејес, позната како Ледената кралица, беше осудена за слично убиство во судскиот процес што ја разбранува Канада во почетокот на 1990-тите. Рејес знае која е навистина Парис и кога неочекувано излегува од затвор, се заканува дека ќе ги открие сите нејзини тајни. Оставена без избор, Парис мора најпосле да се соочи со мрачното минато од кое мислела дека избегала еднаш засекогаш.

Бидејќи единственото нешто полошо од обвинение за убиство се две обвиненија за убиство.

Цена: 500 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Сè што правиме во мракот

Категории: ,
ИСБН: 978-608-243-637-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Сè што правиме во мракот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in