Сé што премолчавме
Author:
Марк Леви
Publisher:
Матица Mакедонска |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
Toutes ces choses qu`on s`est pas dites |
Num. of pages:
311 |
Dimensions:
21 cm
|
Cover:
/
Еве уште една интересна приказна од перото на познатиот писател Марк Леви. Ова е една неверојатна авантура во која ќе уживате во секоја прочитана страница а притоа ќе посакате да има уште некоја плус за да уживате во нежноста, возбудата и хуморот. Станува збор за приказна за односот помеѓу татко и ќерка, за нивната взаемна љубов.
Џулија и нејзиниот татко Ентони Волш немаат баш најдобар однос, т.е. тие не чувствуваат никаква меѓусебна блискост. Додека Џулија се подготвува за нејзиниот најсреќен ден во животот, добива вест дека нејзиниот татко е мртов. Овој пат и таа мора да признае дека тој има навистина добра причина да отсуствува од нејзината венчавка. Така наместо да присуствува на својата свадба, Џулија присуствува на погребот на својот татко.
Но, токму тогаш открива едно големо изненадување кое ѝ го приготвил татко ѝ. Во нејзината дневна соба пристигнува еден голем сандак со необична пратка во него. Тоа е најнеобичното нешто кое ѝ се случило во животот, најнеобичното патување на кое тргнала. Но Џулија одлучува да го прифати сето ова кое ѝ се случува и да се препушти на шесте дена кои ги има на располагање, за да заедно со својот татко да си го кажат сето она кое си го премолчале, сето она кое немале шанса да си го кажат, а посакувале. На тој начин Џулија ќе открие многу работи за љубовта и за својот живот.
2 reviews for Сé што премолчавме
Questions and Answers
You are not logged in
v l (verified owner) –
Фросина Трајковиќ (verified owner) –