Се што треба да знам научив во градинка
Author:
Роберт Фулгам
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2005
Original title:
All I really need to know I learned in kindergarten |
Num. of pages:
168 |
Dimensions:
18 cm
|
Cover:
/
На овие страници нема да најдете познати и славни луѓе. За големата вистина во нејзиното секојдневно појавување зборуваат мали и непознати: чевларот кој во чевлите што веќе не можат да се поправат ставил колаче, Индијанецот со одбивно грдо лице кој во мигот кога ќе почне да игра станува убав, малото глувонемо момче кое заработува џепарлак собирајќи паднати лисја.
За малите животи во кои препознава голема смисла, Роберт Фулгам пишува мудро и духовите. Над секоја приказна во оваа книга читателот ќе застане и ќе размисли за својот живот. Сè што треба да знам научив во градинка е книга што дарува мудрост, благост и оптимизам.
Верувам дека фантазијата е посилна од знаењето.
Дека митот е помоќен од историјата.
Дека соништата се посилни од фактите.
Дека надежта го победува искуството.
Дека смеата е единствен лек за тагата.
И верувам дека љубовта е посилна од смртта.
Reviews
There are no reviews yet.