Сеќавања
Сеќавањата на Конрад Аденауер творечки репрезентираат белетризирана и документаристички произнесена мемоаристика како своевиден општествен и политички архетип на поствоена Сојузна Република Германија. Во содржинскиот слој се проткајува цела галерија личности кои одиграле значајни улоги во проектирањето на политичкиот, воениот и културниот амбиент во Европа и во Америка. Сите споменати личности во записите се историски реални, но имаат епизодна улога во наративната постапка зашто главната позиција на дејството го има раскажувачот – Конрад Аденауер. Интересно и специфично за овој прозен произнесен текст е што при карактеризацијата на споменатите личности јасно се чувствува дистанцата од хиерархиската позиција на канцеларот Аденауер во однос на нивниот општествен статус. Но, тој не го прави тоа во импресивна состојба на решителноста и на субјективната претенциозност.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.