Сеќавањата на манастирот
Oд Нобеловецот од 1998 година имаме „брилјантен, воодушевувачки роман“ (Њујорк тајмс бук ривју) за романса, измама, религија и магија, сместен во 18 век во Португалија, во периодот на Инквизицијата. Национален бестселер, чие дејство се одвива во периодот на апсолутистичкиот крал Жоао Петти кој низ стекнување на огромно количество злато и други богатства од Бразил, почнува да гради палата како исполнување на ветување кое го сторил за да го наследи кралскиот трон.
Клучот на читање е метафизички и езотеричен, преку играта на гледање во светлината и темнината на двата главни лика, Балтазар - Седум Сонца, воин кој губи една дланка во војната, и Блимунда - Седум Месечини, жена која има моќ да гледа внатре во луѓето и нивната желба да најдат начин како да летаат.
Романот е преведен на повеќе од 20 јазици и со над 50 изданија.
Режисерот Федерико Фелини ја нарекол Сеќавањата на манастирот „една од најинтересните книги на нашето доба“.
„Шармантна приказна која никого нема да го остави рамнодушен“.
УСА тудеј
1 review for Сеќавањата на манастирот
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –