Шагринска кожа

Издавач: Детска радост | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Шагринска кожа | Бр. на страни: 315 | Димензии: 20x14 | Корица: мека

Романот Шагринска кожа е еден од оние романи на Балзак во кој се потенцира таинственото, мистичното и фантастичното, и тоа му дава посебен белег. Токму затоа, самиот негов прозен дискурс во овој роман е флуиден, фразата и дескрипциите се сензуално обоени до максимум, езотеричноста на темата суптилно се прелева на нивото на јазикот и изразот. Деликатната игра на сетилата, несоницата и сонот стануваат доминантни во восприемањето на светот од страна на ликовите во овој роман. Вивисекцијата на општеството овде се врши на поинаков начин – низ играта на мистичното и реалното кои се испреплетуваат на специфичен начин.... Романот Шагринска кожа на Оноре де Балзак денес изгледа особено актуелно, читливо и провокативно. За тоа, секако, придонесува вештото проткајување меѓу реалното, мистичното и езотеричното, кои ги уриваат временските бариери и кои се перманентен предизвик за читателите. Во тоа е и „големата тајна за човечкиот живот“ за што зборува Балзак, тајна маестрално содржана во трите магични збора посебно изделени во овој роман, а тоа се: „да се сака“, „да се може“ и „да се знае“

Цена: 320 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Просветно Дело АД Скопје

Report an abuse for product Шагринска кожа

Категории: ,
ИСБН: 989PD9100223

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Шагринска кожа”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in