Штраке-штруке

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Штраке-штруке | Num. of pages: 160 | Dimensions: 13x20 | Cover: /

Неколкудеценискиот творечки опус на одамна потврдениот автор Александар Кујунџиски, со книгата од сто и педесет поетски наслови „Штраке-штруке“, афирмативно и препозналиво се движи кон новите и актуелно отворени книжевни нагорнини. 
Александар Кујунџиски на современата македонска книжевност за деца ѝ е од поодамна верификувано познат. Богат и своевидно самосвојствен, творечкиот опус на Кујунџиски го физиономираат десетици наслови. Неговата творечка енергија напливнувала речито и говорливо низ отворениот творечки хоризонт што ја исцртува мапата на детството и на детскиот свет. Срочен во податливите формати на различните книжевни родови и жанрови, Кујунџиски се олицетворил низ сите творечки исказности. 
Зад него – видно творечко ехо. Пред него – нови предизвици.
Еден од нив е и ракописот „Штраке-штруке“, кој е ново и изразито респективно дело на овој наш најпродуктивен современ македонски писател за деца и млади. 
Проф. д-р Мито Спасовски
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 200 ден

10 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Штраке-штруке

Category:
SKU: 978-608-243-183-3

1 review for Штраке-штруке

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in