Шумот на времето

Издавач: Артконект | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: The noise of time/ Julian Barnes | Бр. на страни: 207 | Димензии: 20x14 | Корица: тврда

Димитри Димитриевич очигледно направил некаква ужасна грешка, затоа што власта одеднаш почнува да се интересира за него, а неговото име станува предмет на потсмев и критика во весниците. Набрзо, околу неговиот дом ќе почнат да се врткаат полицајци и шпиони, неговите роднини и блиски пријатели преку ноќ исчезнуваат, а нема да помине долго време пред да следува и првиот разговор со Власта. И сето тоа поради една обична, речиси заборавена опера посветена на леди Макбет… Ќе поминат децении пред оспоруваниот, навредуван и исмеван Димитри Димитриевич да ги надмине кошмарните судири со власта, да го проголта понижувањето, да се помири со својата генијалност и да стане – Шостакович.

Шумот на времето е роман за тиранијата, за уметникот во заробеното општество, за времето во кое молчењето (и музиката) е единствениот облик на критика, за цената на слободата и животите изгорени од пресилната светлина на Водачот. Моќно книжевно дело кое на шокантен начин го разобличува времето во кое живееме.

„Шумот на времето е ремек-дело на Барнс.“
Observer

„Прекрасен хибриден роман, напишан во духот на руските класици, nо посветен на теми кои се неверојатно актуелни во денешното општество.“
The Times

„Барнс ја (пре)раскажува приказната за еден од најголемите судири помеѓу уметничката слобода и тоталитарната власт. Шумот на времето е дело достојно на генијалноста на Шостакович.“
Guardian

Цена: 370 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Артконект

Report an abuse for product Шумот на времето

Категорија:
ИСБН: 978-608-4852-01-8

Questions and Answers

You are not logged in