Сината лисица
Автор:
Сјон
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Skugga-Baldur |
Бр. на страни:
112 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
мека
Студениот пејзаж на Исланд е локацијата каде се случува оваа магична приказна која е делумно мистерија, делумно бајка. Во основата романот следи две сосем лабаво поврзани приказни во неколку денови во 1883 година. Балдур Скагасон е на лов и следи една неуловлива лисица. Природонаучникот Фридрик Фридриксон се бори да ѝ овозможи иднина на својата штитеничка, млада жена со Даунов синдром, која ја спасил од бродолом пред неколку години. Човечките ликови и сината лисица не се само длабоко поврзани, туку се и еднакво фасцинантни поради сѐ што претставуваат и поради начинот на кој си влијаат едни на други. Посебноста на Сината лисица лежи во поетскиот јазик и во начинот на кој се гради приказната, сцена по сцена. Ефектот е речиси хипнотички. Ќе ја дочитате со желба да не заврши, иако најпосле суптилниот пресврт ќе ги спои линиите глатко и паметно. Добитникот на Нордиската книжевна награда, еквивалент на Букеровата, е совршен вовед во еден книжевен талент од светска класа. „Кога барам нешто моќно и поетично, се потпирам на Сјон... Сината лисица е магичен роман.“ Бјорк „Сè што мислам да кажам може да го сведам на два збора: волшебно поетски.“ Нурудин Фарах, Индипендент Сјон (1962) е исландски романсиер и поет. Неговите книги се преведени на повеќе од 25 јазици. Како текстописец пишувал за Бјорк, вклучително и хитовите „Изобел“ и „Јога“. Со Ларс фон Трир биле номинирани за Оскар за песните од филмот Танчерка во мракот. Претседател е на исландскиот ПЕН-центар.
Questions and Answers
You are not logged in