Сината лисица

Author: Сјон
Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: Skugga-Baldur | Num. of pages: 112 | Dimensions: 13x20 | Cover: мека

Студениот пејзаж на Исланд е локацијата каде се случува оваа магична приказна која е делумно мистерија, делумно бајка. Во основата романот следи две сосем лабаво поврзани приказни во неколку денови во 1883 година. Балдур Скагасон е на лов и следи една неуловлива лисица. Природонаучникот Фридрик Фридриксон се бори да ѝ овозможи иднина на својата штитеничка, млада жена со Даунов синдром, која ја спасил од бродолом пред неколку години.Човечките ликови и сината лисица не се само длабоко поврзани, туку се и еднакво фасцинантни поради сѐ што претставуваат и поради начинот на кој си влијаат едни на други.Посебноста на Сината лисица лежи во поетскиот јазик и во начинот на кој се гради приказната, сцена по сцена. Ефектот е речиси хипнотички. Ќе ја дочитате со желба да не заврши, иако најпосле суптилниот пресврт ќе ги спои линиите глатко и паметно.Добитникот на Нордиската книжевна награда, еквивалент на Букеровата, е совршен вовед во еден книжевен талент од светска класа. „Кога барам нешто моќно и поетично, се потпирам на Сјон... Сината лисица е магичен роман.“Бјорк „Сè што мислам да кажам може да го сведам на два збора: волшебно поетски.“Нурудин Фарах, Индипендент  Сјон (1962) е исландски романсиер и поет. Неговите книги се преведени на повеќе од 25 јазици. Како текстописец пишувал за Бјорк, вклучително и хитовите „Изобел“ и „Јога“. Со Ларс фон Трир биле номинирани за Оскар за песните од филмот Танчерка во мракот. Претседател е на исландскиот ПЕН-центар.
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings

Price: 200 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Сината лисица

Category:
SKU: 978-608-243-002-7

Questions and Answers

You are not logged in